Алфа - Чувај се Доаѓам од градот каде светло не сте виделе.. Секој човек име е, секој злочин е применет. За да го возвиши, секој преживеан ризичен момент - воздишки. Нема \"ПРОСТИ МИ\" ако си утнал кај што не треба, ќе бидеш претерано претепан. Во просек секое десетто дете носи нож, ко добро вечер би му дошло да ти го мавне у граден кош. Нема пари, па топат злато, испуштени од рацете на својот татко работат против закон. Дилери на наркотици за да им капе кешот често, нема веќе тројки сега пакуваат петсто. И одат свесно, заработуваат нечесно, во градов не е лесно. А јас сум тука во дувлото каде собран е целиот олош, нема од кој да бараш помош. Бетонот сака да упие крв е жеден, ако грешел пак да легне тој што некогаш бил предупреден. Нема време лета како лудо нема назад, ако се длабоко навлезени нека се пазат. Има секогаш околу тебе банда таста, во станица што ќе пее ко ѕвезде гранда настап. Ја бараш цурата што ја остави, курва е али ја чува твојата слика во својот новчаник. Нели си мангуп? Па што ја бараш? Има друг гарант со тебе веќе не се замара! Зборувај тивко да не чујат од кај ти се парите (шшш).. И какви ствари правите. Не спијат мирно, кога ќе видат колку касно е а уште им го нема синот. А знаат какви им се децата, на асфалтот на секој предизвик ќе речат : ДА! Ко да се враќаат од печалба се пуни пари, за една ноќ со екипа на ризик - \"УЧИЧАРИ\"! Ставаат се што имаат на тркалото, рулет игра на ѓаволот каде го губат залогот. Ги буди поштарот со судска покана, ако ги затворат за парични казни затвор ќе окапат. А нема да се плати крадеш - за да те крадат. Ќе дадеш - а нема да ти дадат. И нема да ти памтат добро, човек зло памти но, не се задевај со човек што е злопамтило. И не влагај во дуг и да се криеш ако за да вратиш немаш, ќе те најдат и СЕ, а и душа ќе ти земат. НА овој блок нема втора рунда, ако животот му виси те пука ако те нејќе тука. Е опасно! И смрди на злоба, во очи на човекот кога, гледаш дека те мрзи зошто си добар. Па сакам да се извлечам сум ко во клинч стиснат, и како да јадам линч во кичма. Лик што не признава, живеам во измама, да помагаш те издава, луѓето се енигма што прљаво тука играат. Никнаа нови екипи што немаат мозок, и веќе не се слуша смеа на деца кога стојам на прозор. СЕ Е У КУРАЦ! Тука нема шанса друга, затоа чувај се! Рефрен : Животот убав е иако не е се ко што треба, затоа чувај се да не те нема. А се што гледаш е стварно, не е сон е реалност. Во луѓето живее гадост што го прља градов. Животот убав е иако мириса, на превара, мото на секој е : \"ИЛИ ТИ - ИЛИ ЈА\" Биди јак! Светов има и светла страна пробај види ја, во мојата лирика крими рап! (x2)