Со страст претворена во оган го палам светиот бордел пред мене ко гола курва стои збунет сиот свет Ги гледам и го следам својот инстинкт на гениј самоубиец мојот живот овде ѕвезда пред колапс фрла последен зрак светлина Во мене вселена мојот ум создава планети срцево скршено сега е комета која лета Тоа сум јас красен и благословен од вечноста ве оставам во прав и заборав во гнилежот на сите ваши ситни пакости разорни глупости Јас своето на земја не го живеев Јас своето на земја не го возљубив