„Девојче, девојче, црвено јаболче, не стој спроти мене, изгорев за тебе! Изгорев за тебе како лен за вода, како лен за вода, босилек за роса!“ „Гори, лудо гори и јас така горам, и јас така горам, нема што да сторам!“ „Девојче, девојче, прашај ја мајка ти дава ли те тебе за мене сирома.“ „Мама не ме дава уште годинава, уште годинава, оти сум малечка, оти сум малечка од шеснаес` години!“