Ние не сме родени во делтата на Мисисипи Ние не сме растени во Ливерпул, Берлин Ние не сме Њујорк... не се срами, и не глуми,, Ова е забранета планета...Добредојде. Замисли, овде нема натпревар, нема награди и казни, И вака звучи... 3наење...кое не се учи во нивните школи. Моќ која не спие во нивните банки. Во нашите вени тече свет кој е паралелен , Свет на доверба и страст... Радост за живот, како првиот ден кога прогледа...и виде .....Сѐ што нѐ усреќува, овде е забрането.
Спортот не е игра Симулација на војна е. Водиш војна со себе .. ...откога научи да зборуваш. Устата оттогаш ти ја силува страв... страв, кој го нарековме демо/н/кратија. Таму не гледам „убави, луѓе... Убави се...самo тие штo се слободни. Животот е казна...ако по свој ритам не го живееш.