Овој живот не постоји, да не беше со мене ти, да немавме убави дни. Кога луѓе би можеле, чиста љубов би имале, исто ко јас и ти.
Зошто мораше вака тешко да ми биде?! Зошто судбина искрои љубов па да има крај… ангелу чекај ме..
Припев: Љубена каде си, љубена кажи ми, макар и во сон да те видам повторно, да го слушнам гласот твој. Љубена каде си, љубена кажи ми, макар и во сон нежно да те љубам јас, да те милувам, како некогаш.
Ех, да можам да вратам сѐ, да ти признам од срце дека не можам без тебе. Да се заколнам во себе и пред оној што гледа сѐ, ние едно за друго сме.
Зошто мораше вака тешко да ми биде?! Зошто судбина искрои љубов па да има крај… ангелу чекај ме..
Припев: Љубена каде си, љубена кажи ми, макар и во сон да те видам повторно, да го слушнам гласот твој. Љубена каде си, љубена кажи ми, макар и во сон нежно да те љубам јас, да те милувам…
Taken from http://lyricstranslate.com/ru/jas-i-ti-%D1%98%D0%B0%D1%81-%D0%B8-%D1%82%D0%B8-ja-i-ti.html#ixzz3WSL0KeP7