Многу денови како бранови тие си одат, само срцата како карпи за нас стојат. сега нема ништо да ме раздели, јас знам, од тебе.
Ако денот по ова утро ќе се познава, сакам секогаш како сега да се будам пак, кога знаеме, секој ден ќе биде посебен.
Што и да биде, биди секогаш до мене, што и да биде, ќе бидам секогаш до тебе. Што и да биде, во твои раце оставам сè, што и да биде, сега насмеј се, насмеј се од срце, (у-у-у) насмеј се од срце.
Летни дождови ќе измијат спомени лоши, топли ветрови ќе нѝ носат надежи нови, сега нема никој да ме раздели, јас знам, од тебе.
Што и да биде биди секогаш до мене што и да биде, ќе бидам секогаш до тебе, Што и да биде во твои раце оставам се што и да биде сега насмеј се, насмеј се од срце, у-у-у насмеј се од срце. Х2