Ој ти момче охриѓанче, што си толку замислено, крај езеро везден шеташ, кажи дали некој чекаш, или срце некој ти открадна - тешко да го заборавиш?!
- Не ме прашај, моме младо, мачно ми е да ти кажам. Јас си имам моме лично, тугинче од друго место. Љубов си дадовме, среќни бевме, само едно, едно лето.
Дојде време си замина, крај водите ме остави да ме мачат спомените, в срце тлејат, не се бришат. Само дојди, либе, врати ми се, чекам, чекам крај езеро