Препиши ми ги солзите на твојот грев, препиши ми баш сe од твојот горчлив свет, препиши ми и вистини што не ги знам, за да јас имам чувство дека постојам.
И немај ниту малку милост ти за мене, јас веќе одамна заборавив сe за себе, заборавив на сите божји молитви, заборавив на сонце и небо без облаци.
За кого постојам и кому јас му требам, за да верувам, од ова небо не се бега. За кого постојам, би сакала да знам, за кого сето мое минато, и не е само лага.
Не помислив на себе ниту еден ден, не чувствував ни радост за роденден, но сепак имав сила да се разбудам, да бидам дел од овој свет и да откријам.
За кого постојам и кому јас му требам, за да верувам, од ова небо не се бега. За кого постојам, би сакала да знам, за кого сето мое минато, и не е само лага.