Порано си мислев бело влакно е среќа сега имам толку многу на косава што ми смета, ги неќам. Ме потсеќа на кога бевме деца, висејќи пред зграда без грижи и без обврска утре што те чека. А годините пројдоа време лета, проблемите што тогаш биле смешни денеска ми се зад пета. Не сме исти и тие што беа во кругот не се, затоа природната селекција го прави тесен. ДА! И не заборавам на сите од душа, вечно ќе бидат во срцево браќата со кој се дружам. Вчера имав девојка, денес веќе ја немам, не е прва ни последна иде даље живот, незнам утре каде ќе се пронајдам под ова небо, може прерано ќе треба да заминам горе на него, а љубов боли кога не ти се враќа не го сакај оној што ти вика дека не те сака. Ко за беља сме се родиле во ваква земја, овде новороденче од раѓање смрди на темјан. Нема излез, а не гази денот, не гази совеста што прљава дише преку проблемот. Срцето ќе плаче за да врати назад од еуфорија сите што не се за во иднина се за историја и тамо им е местото тамо ќе останат, тогаш ќе сватиш дека прошло се, а ти си пораснал.
Кемп ОД
Повеќе не го гледам светов ко некад со исти очи, мојте дни се тажни знај , не се исти сите ноќи. Не сме исти ниту ние, не сакам да се сетам, времето лета како метак додека сеуште овдека се е исто и не дека се жалам но ми фалат многу срања па сум сјебан секогаш кога ќе станам. Па го плукам овој систем и тие што го држат, ние сме заложници на кои мозокот им го пржат. Годините носат борба, спомените носат болка, од проблемите си појак, правдата станува горка. Полека но сигурно тонеш меѓу глупа толпа како ли би издржал, веќе си уморен на полпат? Животот не линчува додека бдеам јас меѓу отровен е секој здив, а немам душевен серум. А секој ден е ист ко вчера трауматичен ко беља стресен како потера која те тера да бегаш. А нема срцето го стегаш да не пукне самиот филм Keep in it real па незнам како утре. Уште секој ден ги гледам истите лица клети, истите сиви слики за кои сите сте слепи, па почнувам да губам љубов, почнувам да губам верба, сонувам сосема свесно дека не е ко што треба. Дека светов не е ова, дека дошло друго време, дека вистината се чува негде длабоко во себе.