На тебе налетувам кога не сум бањат Или со испиени сто џин-тоници Ради тебе запаѓам во некои чудни стања Мамурлук, депресии и несоници.
Цел еден век чим те видам моментално болен легнувам И нема лек ќе те следам а ти стално ќе ме избегнуваш.
Ти си проблем што сакам да го имам Ти си дрога што сакам да ја примам Ти си тајна што смртно ме занима Ти си грев што на душа го зимам.
Џабе шише мастика или гајба пиво Што ќе ми да добијам на лото седмица Кога си к'о настинка - те влечам пола живот А ти од дневен ред ме одбиваш к'о на седница.