За сите убава, за сите знам си ти. Што буди насмевка и мечти скриени. Трошка надеж си за туѓи соништа не остварени.
Зошто тажна си и зошто плачеш ти? Ќе има добри денови за нас верувај ми. Од срце слушни ти кој те сонува и заслужува.
Ако не сум тој што на срце ти спие. Ако не сум тој што во тебе се крие. Кажи кој е тој што не те ни гледал, а в ноќиве го плачеш сега? (2x)
Како сенка прати ме каде и да сум. И на исток и на запад и на север и на југ. Ќе има добри денови за нас верувај ми, Ќе бидам каде што си ти.
Ако не сум тој што на срце ти спие. Ако не сум тој што во тебе се крие. Кажи кој е тој што не те ни гледал, а в ноќиве го плачеш сега? (2x)
Taken from http://lyricstranslate.com/sr/vlatko-lozanoski-lozano-ako-ne-sum-toj-%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%BD%D0%B5-%D1%81%D1%83%D0%BC-%D1%82%D0%BE%D1%98-lyrics.html#ixzz3fC4ryWdn