Мигови, секунди, минути, денови, месеци Се претворија во години. Бакнежи, фетуси, бебиња, дечиња, младинци Се претворија во руини. Порано бевме подобри, кога бевме наивни. Сонцето за нас светеше, тогаш сите се сакавме.
Часови, класови, тестови, надежи, сонови Се претворија во кошмари Анархо, фемино, акции, револти, протести, Животот не прегази. Порано бевме подобри, кога бевме наивни. Сонцето за нас светеше, тогаш сите се сакавме. Сите ние жртви сме, помалку ил повеќе Да не заборавиме, хероите кои се.
Ема знае дека ја сакаме Исчезнавме а таа ни прости се. Ема знае дека ја сакаме, Ема ние те сакаме.