Умот ми го шекна еден дотеран и згоден и одма знаев дека за мене е роден. Целиот живот барав таков дечко баш, но појма немав дека тој е мафијаш.
Злато, дијаманти, скапи фирми-странски, сè за мене ми купи, ми купи тој, o Боже, баш го сакам вечно да е мој.
Вчера тој ми вели: „Злато, одиме во Банско и во џакузи ќе нè служат со шампањско" Со мене никој не бил толку нежен, фин, љубовта мене ми е баш како на филм.
Злато, дијаманти, скапи фирми-странски, сè за мене ми купи, ми купи тој, o Боже, баш го сакам вечно да е мој.
Андријана Ацевска не престанува со изненадувања. Фолкерката, која за кратко време направи бум на естрадата со хит-баладата "Месечина" и провокативната "Кеш, кеш", се покажа како многу амбициозна кога е музиката во прашање. Па иако за кратко време како од ракав истресе два хита, од кој за "Кеш, кеш" на грб си понесе куп озборувања, никако да направи пауза.
Напротив, наградите и озборувањата вели и дале дополнителен мотив за работа, па место да се пече по плажи, одлучи летово да го помине работно и тоа не излегувајќи од студио. Секако, ваквата мака на крај се исплатува и деновиве го заокружи својот прв албум со кој од септември уште еднаш ќе се обиде да го привлече вниманието на јавноста. Деби албумот има 8 песни на кој освен веќе познатите ќе се најдат и неколку нови, а Андријана вели дека овој пат ќе боцне со синглот "Мојот мафијаш".