Сношти чекорев сам на полноќ Сношти посакав звук на челик звук на бетон звук на осама Барав место да се сокријам Барав место да преболам Сношти чекорев полн со злоба Полн со осама Полн со отров, за крв жеден Чеден убиец Нема веќе солзи во очите Гладно ревеше ѕверот во мене Чекорев без сон и без сила да се помирам Нема веќе ниту солза, ниту трошка милост за овие ладни убијци Убиец раѓа убиец Господи! сношти посакав да бидат мртви и да крварат за да можам мирно да заспијам засекогаш