Невеста жито требеше, Девет гулаби ранеше И верно им се молеше: - Галаби браќа да ми сте, Вија високо литате, Вија далеко пулите. Да не видовте момчето, Момчето ми е на аскер? - О мој калеша невесто, Момчето ти го видовме. Таткови двор ја седеше, Коната си ја ружаше, Мисла за дома имаше.