Еве острам моливи
барам рими за нови стихови
пишувам букви мали, големи
печатни, ракописни
Кирилични...
Триесет и една птица,
весело пеат во хор на жица
и секој глас си има своја буква
во нашата азбука, кирилица
Читаме пишуваме
во секоја прилика
златно писмо, златни букви
кирилица, кирилица
Да ја сочуваме
од секоја неприлика
нашата прва азбука
Кирилица, кирилица
Еј, би, си, ди, и, еф, џи
учиме странски јазици
но најважно од сè е
а, б, в, г, д, ѓ, е
да не ги заборавиме
Нашиот јазик е македонски
нашето писмо е кирилско
во аманет ни е оставено
пред многу векови
за многу векови
Читаме пишуваме
во секоја прилика
златно писмо, златни букви
кирилица, кирилица
Да ја сочуваме
од секоја неприлика
нашата прва азбука
кирилица, кирилица
Влатко Стефановски еще тексты
Оценка текста
Статистика страницы на pesni.guru ▼
Просмотров сегодня: 3