Ако денот ми е ноќ, Од сите ноќи ќе се разделам Ако денот ми е ноќ Од секој сон јас ке се разбудам ќе барам светлина за да верувам За се она што се буди Во мојот ден никогаш, да не заспива
Ако денот ми е ноќ Ќе сковам ѕвездена потковица Зошто денот ми е ноќ А барам само топла перница Кога денот ми е ноќ Со сите зборови јас ќе сум скарана Зошто зборот штом се роди Тој по една мисла ке убива.
Ако денот ми е ноќ Со топол глас јас ќе те милувам Ќе бидам како мала птица И во твои прегратки ќе ти долетам Ако денот ми е ноќ ќе барам Среќна јас ќе бидам За секој ден што во ноќ се претвора
Ако денот ми е ноќ Нема да биде зошто тагувам Во секој ден што ќе е ноќ ќе имам кому да се радувам Зошто денот ми е ноќ А светлост во темнина Јас пак ке пронајдам За сите ноки јас ќе пеам Што во денови ќе се разлеат