По твоите патеки што одеше Јас бели ружи постилав И како гладна птица верував Дека јужен ветар и на запад душа постила За секој збор што ми го кажа Јас во себе долго сонував И нејќев да се разбудам Очи да отворам за да не те изгубам
За само еден ден, За само еден час, Би дала и цел живот да сум крај тебе јас Со секој еден ден штом со тебе сум јас Се она што извенало ќе расцвета
За еден поглед твој што дише Се би дала да ги бакнувам Твоите очи смарагдни Тие очи топли што ми носат стари спомени Се колнев себеси што крадев деној ноќи Да те сокријам во себе да не откријам за кого постојам За да не те изгубам