Голема е земја Русија, А таму живее и Анушка. В Охрид се сретнавме и јасно беше се, Ке биде лето за паметење. А тие 5 дена, минаа ко минута Зар може да е таква љубовта? Рече дека е од Волгоград И дека близу река живее, Но ниту улица, ниту број на стан И' знам но кога тогаш ќе ја пронајдам. Татко ми зборува, дете заборавија Па игла в сено не се наоѓа. Анушка, Анушка моја девушка Викаат голема била Русија. Анушка, па нека е нек е голема Но не е толку колку љубовта! Сега кројам 300 планови. До мене книги, мапи, атласи. Па не е Русија, не е толку далечна. На две педи од Македонија. Па да сум волшебник, И барем да сум супермен Би можел да ја гледам секој ден. Анушка, Анушка моја девушка Викаат голема била Русија. Анушка, па нека е нек е голема Но не е толку колку љубовта!