Откуд одиш, млад делијо?
Весел одиш, весел пејеш,
ко ти даде то весеље?
Даде ми го свети Јован,
свети Јован от Елбасан,
и ти да си жив и весел.
Откуд одиш, богаташе,
весел одиш, с полни руци?
Кој ти даде полни руци?
Даде ми го свети Јован,
свети Јован от Елбасан,
и ти да си жив и богат.
Откуд одиш, стара бако,
брго одиш како мома?
Који ти така крепост даде?
Даде ми го свети Јован,
свети Јован от Елбасан,
и ти да си жив и крепак.
Откуд одиш, аргат мори?
Кој ти зема мрак со чело,
кој ти даде лицето светло,
аман, светло како сонце?
Мрак ми с чело Светац зема
и даде ми лицето светло.
Свети Јован от Елбасан,
и ти да си жив и весел!
Статистика страницы на pesni.guru ▼
Просмотров сегодня: 2