Гуру Песен Популярное
А Б В Г Д Е Ж З И К Л М Н О П Р С Т У Ф Х Ц Ч Ш Э Ю Я
# A B C D E F G H I J K L M N O P Q R S T U V W X Y Z

Виктор Апостоловски Viktor Apostolovski - Не Се Предавам | Текст песни

Животот е една посебна приказна,
особено кога си растен во држава „немачка“
и џебот ти е пустина.

А ти си млад и имаш сон да бидеш одличен музичар
и да си славен но реалноста шепоти „улица“
и само гледаш „улица“.

А дали знаеш колку боли кога цел век
си работел со чесна рака
за друг да ја користи твојата мака?
Без срам, ни грам!

И колку боли уште не почнат овој век,
твојот другар оди премлад на оној свет?
Не е вред!
Не, не ме боли кога велат дека…

Јас имам срце како мраз, арогантен дигнат став,
тоа ли сум според вас?
Не ми е срам, што во себе верувам!
И по се што поминав, сега не се предавам!
Никогаш не се предавам!

Да јас сум војникот што вечито војува,
мојата борба е во тек а започнала одамна,
станува се по жестока
Секој момент е нова битка, секој ден нова победа,
а секој пораз е скапоцена лекција животна,
и е во глава врежана.

А дали знаеш колку боли кога сам седиш немоќен,
а сонот бега, некој друг ти го живее
а ти го гледаш тој блам, сосем сам?

И не ме боли дали ќе ме сватиш погрешно или не,
не си компетентен дур не доживееш, незнаеш!
Затоа немој да ми судиш зошто…

Јас имам срце како мраз, арогантен дигнат став,
тоа ли сум според вас?
Не ми е срам, што во себе верувам!
И по се што поминав, сега не се предавам!
Никогаш не се предавам!

Виктор Апостоловски Viktor Apostolovski еще тексты


Видео
Нет видео
-
Оценка текста
Статистика страницы на pesni.guru ▼
Просмотров сегодня: 1